Проект: „Зелени училишта, Поздрава околина, Поздрав живот, “

Цел : Развивање Преку- гранична мрежа за еколошка едукација во Основните училишта.


Проектот започна со реализација во Септември 2013 и се               

спроведува во период од 18 месеци ,во 16 основни училишта пограничниот регион(8 основни училишта од двете земји) во  склоп  на ИПА Програмата за прекуграничната соработка и развој.

Проектот вклучува едукација за подобрување на состојбите во основните училишта во двете земји, преку обезбедување обука на наставници и подготвување мали еколошки проекти со цел да се подигне нивото на знаења и практични вештини за справување со проблеми од еколошки карактер.

Проектот се фокусира врз три еколошки проблематики: вода, отпад и заштеда на енергија.

Убедени сме дека непосредниот пристап на едукација и водењето, отворените дебати и дискусии, практичните акции и симболични награди на конкурсите ќе ги еманципираат наставниците и учениците, ќе придонесат за развој на заедницата преку  информации и материјали за подигнување на свеста, со што директно ќе се влијае врз нивното однесување.



Еколошко Едукативни Акции во склоп на - 

Програмата: "Зелени училишта, Почиста околина, Поздрав живот"