УЧИЛИШНИ КАМПАЊИ


1. Учениците од ООУ,,Добре Јованоски” Прилеп 

активно се вклучија во Еко акцијата- " МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2014 ".  Во оваа акција учествуваа ученици од различни одделенија, заедно со наставничките:

Роза Аџиоска Бурнеска,Светлана Петкоска и Верче Чакмакоска.

Ова e една од кампањите ,како дел од Проектот со цел активно учество на учениците за зголемување на екологијата во училиштата и намалување на штетното влијание од непотребниот отпад, негово селектирање и понатамошно справување.

                 


2.  ООУ. “РАМПО ЛЕВКАТА” – ПРИЛЕП  (Октомври 2014 г.)

              Хартијата страда, да се рециклира бара! 

            

3.   О.У. Св. Климент Охридски -Охрид

 

               Кампања за собирање пластичен отпад и лим 

               

 -  Училиштето изработи неколку кампањи ,за уредување на училишниот двор, собирање стара хартија и отпад, изработка на уметнички дела од истите. Учествувале над 30 ученици, заедно со еко-клубот предводен од Координаторот - Славица Илиќ и Валентина Кузмановска .

4. О.У. Тодор Ангелески -Битола

Програмата „Зелени училишта , поздрава околина, поздрав живот“ јасно го определува начинот на кој наставните содржини за заштита на животната средина кои се дел од наставната програма ќе се применуваат во секојдневниот живот на нашето училиште. Посебно значење преку оваа програма му се посветува на прашањето за намалување и рециклирање на отпадот, рационално користење на енергијата, водата, уредувањето на нашето училиште, училишниот двор и нашата најблиска околина.

Најпрво нашето училиште објавува конкурс за Еко-кодекс кој ќе ја дефинира нашата мисија.Откако конкурсот ќе биде затворен сите идеи, творби ќе бидат презентирани пред целото училиште(наставници, ученици, родители),  а најдобрата и оригинална идеја ќе биде избрана за Еко-кодекс на нашето училиште.

        Дел од кампањите преку слики:

1.      Ноември, 2013 г.

         

         - Еко-пораки, еко -творби и содржини

2.      Март, 2014 г.

       

       - Ден на акција-помалку отпад

       

       - Засадување дрвца