ПАРТНЕРИ



ЕДУКАЦИЈА∙КОМУНИКАЦИЈА∙КОНСАЛТИНГ –OXO

   е организација востановена во 1998 година, со мисија да ја промени општествената парадигма и, со визија Република Македонија да стане дел од Евро-Атланските институции. Ние веруваме дека нашата земја може да ги реализира овие цели на среден рок, преку воведување радикални реформи во критичните ресори и преку развивање свесност на поединците за нивните права и обврските кон сопствената земја и заедниците во коишто живеат. 

Во врска со активностите што ги имплементира, ОХО поседува значителна едукативна и искуствена експертиза, стекната на полето на проектен менаџмент, посебно кога станува збор за:

  • Комплексни промотивни, информативни и јавни едукативни кампањи што вклучуваат низа сегменти, како што се: контакти со медиумите, организација и менаџирање на јавни настани, непосреден маркетинг, адвертајзинг и публицитет, медиумски маркетинг, ТВ и документарна продукција, користење нови технологии и сл.;
  • Едукативни програми или краткорочни проекти коишто вклучуваат: селекција и елаборација на образовни методологии, наставни планови и неопходните образовни ресурси, како и нивна дисеминација, обука на наставен кадар со нивна целосна организација, реализација на курсеви, работилници, семинари и симпозиуми.  



ОРГАНИЗАЦИЈА НА БИОЛОЗИТЕ НА АЛБАНИЈА


Мисијата на Орагнизацијата е едукација на заедницата и обезбедување одржливи функционалнИзнаења во врска со темите на биодиверзитетот и природната средина, за да се подобрат капацитетите и да се постигне однесување според европски стандарди, да се почитуваат регулативите за искористување и зачувување на биолошкото богатство на земјата. Мисијата на Организацијата ќе се реализира преку интерактивна обука, студиски посети и научно-истражувачка работа на терен.

Општите цели вклучуваат:

  • Јавна еколошка свест со фокус врз сите нивоа на општеството  
  • Едукација на различни општествени групи (училишта, фармери, локални авторитети, централни канцеларии за статистика) преку обуки за подобрување на капацитетите на полето на заштитата на животната средина и на биодиверзитетот.
  • Јавна промоција на учеството на НВО во процесот на одлучување.