1.Воспоставување структура на Зелен менаџмент


Со цел да се имплементира иницијативата за Зелено училиште во практика, прво училиштето треба да воспостави добра и функционална менаџерска структура што ќе раководи со целиот процес. Во таа смисла предлагаме да се востановат две тела со што ќе се помогне во конкретната реализација на Проектот.

Едното тело е Еко-клуб кој треба да биде движечката сила на Проектот и се состои од ученици од различни одделенија и еден наставник како координатор на групата.

Еко-клубот треба целосно да биде вклучен во сите претходно наведени чекори, а учениците треба да бидат активни учесници во нив. Учениците исто така треба да бидат вклучени и во процесите за донесување одлуки.

Еко-клубот треба да го обезбеди следново:  

•  целото училиште да добие информации за иницијативата да се биде Еко-училиште и тие инфомации да бидат постојано обновувани

•  да развие, имплеметира и мониторира еколошка политика во училиштето којашто ќе ги третира еколошките прашања на училишната заедница

•  да го преземе водството во спроведувањето на почетната и секоја наредна Зелена проценка

•  да води сметка сите членови на училишната заедница (посебно учениците) да имаат свои претставници во процесот на одлучување

•  да воспостави релации помеѓу учениците, наставниците, раководството и целата училишна заедница и, во идеални ситуации, со локалната заедница и да ја интегрира програмата во развојниот план на училиштето и во иницијативата 21 од локалната агенда. 

Второто тело е Еко-одборот или телото што ќе донесува одлуки. Еко-одборот исто така има многу значајна улога во целиот процес. 

Затоа, предлагаме вашиот училишен Еко-одбор да го сочинуваат:

       -  директорот на училиштето
       -  наставник-координатор                                                                  

             
       -ученици членови на Еко-клубот
       -претставници на техничкиот персонал
       -претставник  на локалната заедница
       -претставници од родителите
       -претставници од медиумитеи
       -претставници од локалниот граѓански сектор.                                                                                                                                                                                                                                     


  Еко-одборот треба да биде инволвиран во следниве училишни активности:

- Активно учество на состаноците на Еко-одборот со придонес во вид на идеи, сугестии, решенија и т.н.;

- Асистенција во процесот на имплементација на шесте чекори, секогаш кога за тоа има можност;

- Промоција на сработеното во училиштето, на полето на зелените активности, во делот на нивното влијание;