2.Анализа на Зeлени Резултати


Овој чекор е неопходена доколку сакате да спроведете конкретни промени во вашето училиште. Пред да го одредите курсот на вашата акција, потребно е да се направи евалуација на тековната состојба.

Резултатите од Зелената проценка ќе дадат информации за вашиот Зелен акциски план, помагајќи му на вашето училиште да донесе одлука дали има потреба од итна, неопходна промена или нема потреба од промена воопшто. Покрај тоа ќе помогнат и при поставувањето реални цели и при мерењето на остварениот успех.  

Зелената проценка е клучна за разбирањето на тековната состојба со екологијата во училиштето и обезбедува основа за Зелените активности во училиштето.

Училиштата може прво да ги квантифицираат влијанијата на темите врз коишто работат (на пример, количеството отпад што се произведува и се испраќа во депониите, количеството хартија што се троши, количеството енергија, дали нешто се рециклира, кои се црните точки кога станува збор за отпадоци и сл.)


Прашалниците ќе ви помогнат во идентификацијата на сегменти коишто може да се подобрат. Со пополнување на прашалникот, се добива јасна слика за потрошувачката на вода и енергија и за управувањето со отпадот во училиштето, како и за тоа која област бара најмногу внимание.