3. План на активности


Развивањето на планот на активности претставува еден од суштинските чекори. Тоа значи дека училиштето треба да направи план на активности со цел да добие специфични и мерливи резултати во трите области од интерес, вода, енергија, отпад. Ваквиот план се прави со користење на податоците добиени во текот на реализацијата на вториот чекор – анализа на состојбите со водата, енергијата и отпадот.

Планот на активности се состои од зацртани цели што треба да водат кон подобрување на состојбата, но да содржи и листа на специфични цели, крајни рокови и јасно делегирани одговорности за сите инволвирани страни. Целите што се поставуваат во планот треба да се достижни и реални. Не поставувјате нереални цели! Секогаш е подобро да се напредува со мали чекори! 

Еве неколку чекори што можеби ќе сакате да ги направите за да изготвите успешен акциски план:

1.  Соберете ги резултатите од вашата Зелена проценка. Изберете тема што сакате да ја третирате, како што е на пример, состојбата со отпадоците. Одлучете каква акција можете да преземете за да се подобри истата.

2.  Одредете како ќе го мерите успехот при постигнувањето на вашите цели. Проверете дали е тоа нешто што може да се измери, на пример, ако се зафатите за темата Енергија, тоа би било намалувањето на сметката за струја на вашето училиште.

3.  Испреговарајте временски рокови за секоја акција. Дали целната акција може да се постигне на краток, среден или подолг период? 

4.  Одредете одговорно лице за секоја акција. Доколку е можно, вклучете ученици.

5.  Предвидете дел за мониторирање на евентуалните финансиски трошоци што може да се појават во тек на вашите активности. 

Еко-клубот треба да развие план за активности, а Еко-одборот го усвојува истиот.