4.Мониторинг и евалуација


За да можете да откриете дали целите и активностите зацртани во Планот успешно се имплементираат, напредокот и реализацијата мора да се мониторираат и евалуираат.

Континуираниот процес на мониторинг на активностите ви дозволува да го евалуирате успехот на реализираните активности. Методите на мониторинг на активностите зависат од областите на коишто работите, како и од возраста на учениците. Но постојат и случаи при кои мониторингот и евалуацијата ќе мора да се спроведуваат преку користење прашалници, интервјуа, фотографии и др.

Во текот на реализацијата на овој чекор, важно е да се соберат најрелевантните податоци. Посебно внимание треба да се посвети на индикаторите и на изворите за верификација!