5.Зелени резултати и постигнувања во пошироката заедница


Ако сакате да ја промовирате вашата работа во рамките на училишната заедница и да инволвирате поголем број ученици и наставници во постигнувањето на заедничката цел, потребно е да ги соопштувате резултатите до коишто доаѓате до што е можно поголем број луѓе.   

Една од клучните цели на програмата на Еко-училиштето е да се подигне свеста во врска со вашите еколошки активности – низ целото училиште и во пошироката заедница – и да се обезбеди што е можно повеќемина да добијат прилика да земат учество.