6. Зелена визија


Визијата го претставува тоа што организацијата сака да биде, или каков сака да биде светот во којшто функционира („идеализиран“ поглед на светот). 

  • Мисијата ја дефинира фундаменталната намена на организацијата, притоа опишувајќи, во збиена форма, зошто таа постои и што таа прави за да ја реализира својата визија.
  • Вредностите се верувања што ги споделуваат сите главни чинители во организацијата (стејкхолдери).
  • Стратегијата, во потесната смисла на зборот, значи „ уметност на општото “.  

Секое училиште ја формулира својата изјава за визијата, поставувајќи ги основите на она коешто се стремат да го постигнат учениците и/или училишната заедница. Еколошката изјава за визијата или делови од неа треба да бидат изложени на различни места низ училиштето и да биде разбрана, од учениците и членовите на училишната заедница како изјава за верувањата и намерите. Оваа изјава е често пати составена од зборови што потекнуваат од учениците, па може да биде инспирирачка за класот да креира уметнички творби или проекти на ниво на целото училиште. 



        „Визија без акција е само мечта; но од друга страна пак, акција без 
                               визија се вика  кошмар“ – Џим Соренсен (1967 - ), 



Пример: „Нашето училиште сака да промовира еколошка одговорност во рамките на училишната заедница. Нашето училиште е посветено на имплементацијата на практики што се конзистентни на одржливото живеење. Нашето училиште и нашите ученици ќе останат фокусирани врз заштитата на ресурсите, намалувањето на отпадот, рециклирањето и сé поголемото свртување кон обновливите енергии.“ 

  

Зелениот кодекс, на јасен и илустративен начин ја отсликува посветеноста на вашето училиште да ги поправи условите за работа и учење. Зелениот кодекс е правилник што треба да го претставува заедничкиот став на сите учесници во Проектот.