5. Училишни активности и Процес на имплементација


Изработка на Предлог- проекти 

Како дел од Проектот “ Зелени училишта, Поздрава околина, Поздрав живот “, "Биолозите од Албанија "и "ОХО",oрганизираат повик за учество на конкурс за доделување на мали грантови за предлог-еколошки проекти.Со овие еколошки проекти, училиштата ке идентификуваат и промовираат зелени активности , поврзани со проблемите со кои се соочуваат од еколошки карактер со цел постигнување подобри резултати и создавање услови за чисти училишта.

Како резултат од поддршка на Предлог проектите на 16 Основни  училишта од двете земји,, се очекува да се иницира поголема свест и зелена визија во пошироката околина.

  •  Сумата на секој Грант изнесува- 500 ЕУР.
  •  Време на имплементација на Проектите е од 1 до 3 месеци.
  •  Почеток на реализација на еколошките проекти:15 Септември( Албанија) и 15(Октомври) 2014    (Македонија).

Критериумите за избор на предлог проект вклучуваат:

- РелевантностКолкава важност има конкретно потенцираниот проблем во предлог проектот за самото училиште и на неговата поширока околина?Дали ќе му помогне на училиштето во остварување на зелената визија?

- Видливост – како е предвидено да се вклучат човечките и финансиските ресурси преку проектот?-Дали училиштата ќе вклучат и други ресурси (материјални, морални и/или финансиски ) во проектната реализација?

-  Ефективност- До кој степен предложеното решение е остварливо, во рамките на износот на доделениот Грант?

  Влијание – Какво ќе биде влијанието на  краток и подолг рок на овој проект во училиштето и заедницата? Дали училиштето ке продолжи да ги спроведува и мери овие позитивни ефекти, и по завршувањето на проектот? 

-  Одржливост – ( да постојат аспекти на трајност по реализација на проектот)


За полесна реализација на овие Предлог-проекти , подготвивме водич со насоки ,дел од  методологија на имплементација на програмата.

* Во прилог  примерок Aplikacija za ekoloski proekt.pdf