ПОЗАДИНА


☞ Финансиската поддршка за Проектот доаѓа од Канцеларијата на Европската унија -ИПА-Програма за прегугранична соработка.

 Имплементатор на Проектот  е Асоцијацијата за образование, комуникации и консалтинг – ОХО, додека имплементатор на Проектот во Република Албанија е организацијата Биолози на Албанија. Успешната имплементација на овој Проект обезбедува конкретни, мерливи резултати за основните училишта, но и за локалната заедница и пошироко за прекуграничниот регион. Со цел да се подобри состојбата, значајно е да се делува врз општествената трансформација, посебно помеѓу младата популација, чиишто припадници ќе се здобијат со вештини што ќе придонесе за унапредување на еколошката средина во иднина. Ако од овие млади луѓе очекуваме да бидат лидери во сите општествени сектори во иднина (на пр. влада, здравство, земјоделие, шумарство, право, бизнис, стопанство, производтсво, образование, комуникации, архитектура и уметност), со еден збор ако се бориме за одржливост, тогаш, актуелната администрација и училишните авторитети мора да направт  преориентација на наставните планови и програми и во нив да ги вклучат бројните комплексни аспекти на природната средина и на одржливоста.

☞ Иницијативата за Зелени училишта прави интегрирани обиди за редуцирање на еколошкиот отпечаток, за поздрави училишта и за обезбедување решенија на проблемите со коишто се соочуваме преку вклучување на комплетната заедница. Обидите се однесуваат на сите сегменти, од одржување на училиштата и дворовите до изградување пријателско однесување кон околината и соодветни наставни планови и програми. Зелените училишта ги поттикнуваат своите ученици да научат да прават разлика и ги учат на еколошки и здрави вредности што треба да ги следат во текот на целиот живот. Сé повеќе луѓе успеваат да увидат дека нашата иднина исклучиво зависи од заштитата на здравјето и благосостојбата  на нашите деца и на целата планета. За да се постигне ова потребно е новите генерации граѓани да се стекнат со нови вештини за решавање на глобалните еколошки проблеми со коишто се соочуваме. Како може да имаме зелена иднина или зелена економија без зелени училишта?